Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар оди по петта последователна победа во дуелите со Кристијанштад и во најсилната група А, со која би се зацврстиле на врвот
Вардар оди по петта последователна победа во дуелите со Кристијанштад и во најсилната група А, со која би се зацврстиле на врвот

Вардар оди по петта последователна победа во дуелите со Кристијанштад и во најсилната група А, со која би се зацврстиле на врвот

Натпревар на првиот и последниот во најсилната група А, денес со почеток од 18 часот се среќаваат екипите на Кристијанштад и Вардар. По пет одиграни кола, Вардарци се лидери на табелата, со четири победи и еден нерешен резултат, додека денешниот наш противник е последен во групата, со само еден нерешен резултат и дури четири порази.

Кристијанштад во новата сезона влезе драстично ослабен со оглед дека од екипата си заминаа најдобрите играчи. Се работи за голманот и црнагорски репрезентативец, Небојша Симиќ кој замина во Мелсунген и левото крило и најдобар стрелец Џери Толбринг кој потпиша за Кристијанштад. На екипата се приклучија неколку играчи од младинската школа, додека нема други промени во однос на играчкиот кадар од минатата сезона. Интересно е што трета сезона по ред се наоѓаме во иста група со екипата на Кристијанштад. Претходните две сезони одиграме четири меѓусебни натпревари и сите ги доби Вардар. На гостувањата во Шведска славевме со резултат 23:28 и 25:30. Противникот оваа сезона има само еден освоен бод, кога на домапен терен ремизираше со екипата на ППД Загреб и одигра одличен меч во Шпанија, каде загуби минимално од тимот на Барселона. Црвено-црните отпатуваа на ова гостување без повредените Фереира и голманот Милиќ. Сепак Вардар е доволно квалитетен да слави на денешниот дуел, иако треба да се напомене дека домашниот тим негува брза игра, со силно темпо кое го наметнува од самиот старт. Во првенството на Шведска, по 11 одиграни кола, Кристијанштад се наоѓа на првото место на табелата, каде забележа десет победи и само еден пораз. Последниот триумф беше во средата на домашен терен, каде беше совладан тимот на Гуиф.

Доколку Вардар триумфира ќе се зацврсти на првото место на табелата, пред наредните натпревари во ЛШ, каде не очекуваат три нови во ова натпреварување, како и два во рамките на СЕХА-лигата, што значи “пеколен“ месец за избраниците на Раул Гонзалес, кои ќе одиграат тешки и силни натпревари.