Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во Будимпешта по нови бодови и освојување на првото место во групата Ц
Во Будимпешта по нови бодови и освојување на првото место во групата Ц

Во Будимпешта по нови бодови и освојување на првото место во групата Ц

Дали ЖРК Вардар ќе пренесе максимални шест бодови во главната групна фаза, останува да видиме утре, кога со почеток од 13:30 часот гостуваме во Унгарија, на екипата на ФТЦ Будимпешта.

Ова ќе биде второ соочување со овој противник оваа сезона, откако на првиот меч одигран во С.Ц. Јане Сандански славевме победа со резултат 34:31. На тој дуел имавме и повисока двоцифрена предност, а посебно во нашиост состав се истакнаа новото засилување, Драгана Цвијиќ која тогаш се најде во трите ѕвезди на колото, како и Андреа Лекиќ, која утре за жал нема да имаме можност да ја гледаме во црвено-црниот дрес, која не отпатува за Унгарија поради повреда. ФТЦ во позитивна атмсофера го очекува овој натпревар, со оглед дека го доби големото дерби во домашното првенство и го совлада својот најголем ривал за титулата, екипата на Ѓер, со резутлат 27:25, што е само показател дека се работи за одлична екипа која тешко се победува, посебно на нејзин терен. Во групата Ц имаат две победи над екипата на Турингер и еден триумф против Ларвик, додека единствениот пораз оваа сезона го имаат доживеано само од Вардар. Пена Абауреа, Анико Ковачиќ и најновото засилување кое пристигна од Есбјерг, Ван Дер Хејден се трите најефикасни играчи на ФТЦ, по првите четири одиграни кола и најголемата опаснот по нашиот гол.

Голем хендикеп за Вардарки ќе биде неиграњето на Андреа Лекиќ која важи за една од најдобрите наши ракометарки, која на стартот од сезоната играше во одлична форма, покрај неа во составот нема да биде ниту Мирјета Бајрамовска. Ќе видиме како тренерскиот тандем на црвено-црните, Дибирова и Парондо ќе ја постави играта во нападот и дали Хмирова ќе биде адекватна замена за Лекиќ на овој дуел. Триумф против ФТЦ ни носи максимални шест бодови, кои ќе ги пренесеме во следната рунда, со оглед дека во последното коло од групата Ц на домашен терен сме големи фаворити на мечот со Турингер.