Младинките на РК Вардар Јуниор предводени од Драгана Пецевска стигнаа до нова, вкупно четврта последователна победа во рамките на младинската лига. Тие денес на Кале за противник ја имаа екипата на Кичево, 10 која ја совладаа убедливо со резултат 29:13.
Противникот прв го отвори резултатот за да следи серија на разиграните Вардарки од три последователни погодоци, за водство од 3:1. Првиот гол за израмнување го постигна Мирјана Петковска, додека следните два гола беа дело на Андреа Седлоска. Игравме одлично во нападот и одбраната и како течеше првото полувреме предноста се повеќе растеше, секако во наша корист.
Со два последователни голови на Стефанија Ѓорѓиевска, за прв пат во 9 минута имавме водство од 7:3, за да му дозволиме на противникот да псотигне два гола и да намали на 7:5 во 12 минута. Лошиот период каде пет минути немавме постигнато гол го прекина, Седлоска, што беше момент да направиме серија од 6:0 и во 20 минута да имаме убедливи 13:5, по што резултатски се одлепивме од противникот.
Најактивни во овој период од шест минути кога ја направивме серијата беа Марија Галевска и Стефаниај Ѓорѓиевска, кои ја полнеа противничката мрежа. На голот започна Симона Грујовска која исто така имаше неколку добри одбрани. Кичево се обидуваше да пружи отпор, но истиот не беше доволен да се намали негативата. На пет минути пред крјаот на првиот дел, Вардарки имаа двоцифрена предност од 16:16, за првиот дел да го завршиме со уште една мини серија и со погодокот на Ѓорѓиевска, за резултат од 18:6 на полувреме.
И вториот дел започна со гол на гостинскиот тим за намалување на резултатот. Сепак и во вторите 30 минути екипаа на Кичево беше запрена на многу малку голови, односно постигнаа седум во вториот дел. До 44 минута немаше многу погодоци, но црвено-црните ја зголемуваа разликата и со голот на Ива Јаковчевска, а претходно и на Сара Миноска да водиме со 22:10.
Тренерот Пецевска им даде шанса за настап на сите ракометарки кои беа на располагање, на голот застана и Трајкоска која исто така имаше неколку одбрани. Намали за момент тимот на Кичево на 22:11, но до крајот на натпреварот со серија на Вардарки од 7:2 ги поставуваме конечните 29:13 на овој натпревар. Најефикасна наша ракометарка беше Андреа Седлоска која постигна 7 голови.
Вардар Јуниор: Трајкска, Гроздановска, Арсовска, Дамјановска, Гонзалес, Ѓорѓиевска 4, Донева 2, Петковска 3, Грујовска, Софтовска 3, Костовиќ 1, Миноска 3, Седлоска 7, Коларовска 2, Јаковчевска 2, Талеска 2.