Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шампионски Вардар и во Унгарија, победа за прво место и 100% учинок!
Шампионски Вардар и во Унгарија, победа за прво место и 100% учинок!

Шампионски Вардар и во Унгарија, победа за прво место и 100% учинок!

Oдлично прво полувреме, криза во вториот дел и лоши судиски одлуки на директна штета на Вардар, вака денеска може да се искоментира дуелот во Унгарија на ФТЦ и Вардар. И покрај се, Вардар остана несовладлив, нашите девојки победија во Унгарија со 28-29 (12-16) за теоретски да си го обезбедат првото место во својата група и 100% учинок. И понатаму само Вардар е тимот кој нема пораз оваа сезона во ЛШ.

Вардарки одлично го одиграа првиот дел, двоецот Пенезиќ – Лејно повторно беше фантастичен, црвено – црните одиграа одлично прво полувреме со дури 16 дадени погодоци во мрежата на противникот. Првите 7. минути од натпреварот минаа изедначено, односно со само еден гол позитива за Вардар 3-4, резултатската нишалка од еден до два голови во полза на Вардар продолжи се до 15. минута. Веќе на средината на првиот дел Вардар имаше предност од највисоки плус три 6-9. Следуваше одлична игра на црвено – црните девојки како во нападот така и во одбраната, па така за одбележување беа највисоките плус четири на оваа средба за Вардар во 28. минута со голот на Сара Ристовска. До крајот на првиот дел преку Кузнецова и Хмирова, Вардар успеа да дојде и на високи плус четири, со овој резултат се замина на полувреме. Во првиот дел Лејно имаше осум одбрани а Пенезиќ шест голови.

zrkvardar-cvijic-penezicВардарки тргнаа одлично и во вториот дел, во 33. минута црвено – црните девојки дојдоа и до највисоката предност од плус шест 12-18. Одличната игра на Вардар продолжи и понатаму, Лејно бринираше на својот гол па така во 37. минута Вардар имаше 14-20. Со две грешки во серија на Лазовиќ, ФТЦ со два гола во низа успеа да намали на минус четири во 40. минута. Со нови два гола во низа, ФТЦ во 42. минута се доближи и на подносливи три гола разлика, ова беше знак за Дибирова и Парондо да побараат минута одмор. Конечно, по дури девет минути игра, Вардар преку Хмирова успеа да ја прекине серија на домаќинот. Кризата на Вардар продолжи, па така во 47. минута ФТЦ успеа и да изедначи на 21-21. Со два гола во серија на Лакрабер, Вардар во 50. минута дојде до нова предност овој пат од плус два. Судиите од Франција во вториот дел имаа неколку грешки кои директно го оштетија нашиот тим. На пет минути до крајот резултатот беше 25-26. Клучните пет минути и последни на овој меч му припаднаа на Вардар за голема победа и прво место во својата група и теоретски.

Пенезиќ беше најефикасна кај Вардар со девет погодоци, Цвијиќ постигна пет, исто така и Лакрабер погоди пет пати.