Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар го победија тимот на Металург (15-9)
Пионерките на Вардар го победија тимот на Металург (15-9)

Пионерките на Вардар го победија тимот на Металург (15-9)

Денеска во СЦ. Кале се одигра дерби дуелот во рамките на женската пионерска лига во која се сретнаа тимовите на Вардар и Металург 2. Овој натпревар вардарки го добија во еден многу возбудлив и неизвесен натпревар, отпорот на гостинот беше скршен во вториот дел. На крајот Вардар победи со резултат 15:9 (6:4).

Натпреварот со гол го отвори тимот на Металург 2, потоа следуваа три голови во серија на Вардар за предност од 3:1. До крајот на првиот дел беа постигнати мал број на голови, Вардар до крајот постигна уште три, исто така и противникот за на пауза да се замине со 6:4. Во вториот дел Вардар тргна фуриозно, направи серија од 5-0, за висока и недостижна предност од 11:5 кон средината на натпреварот. До крајот Вардар рутински си ја доврши својата задача и на крајот победи со шест голови разлика во оваа дерби пресметка.

Кај тимот на Вардар најефикасни беа Коцева Бојана со шест гола и Мила Пешиќ со пет гола, кај Металург 2 најрасположени за игра беа Спасевска Јана и Јакимовска Јована со два гола.

Вардар: Пешиќ 5, Крагељ, Колоска 1, Христоска, Борјана Коцева 1, Јолакоска 1, Ангеловска 1, Максимовска, Миланова, Радевска, Мирческа, Бојана Коцева 6.