Двајца Вардарови фудбалери, во текот на вчерашниот ден имаа настапи во своите репрезентации. Џамбул Џигаури и за Тигран Барсегјан кои што играа за селекцијата на Грузија, односно на Ерменија.
Џигаури беше стартер во грузиската репрезентација во дуелот со Белорусија и играше до 62. минута во натпреварот кога беше заменет. Мечот заврши без победник 2:2. Барсегјан кој почна како резервен играч, влезе во игра за ерменската селекција во вториот дел, и го одигра целото второ полувреме против Кипар кој што неговата репрезентација го победи со 3:2, другиот наш играч во ерменскиот состав Ховханес Хамбарџумјан не забележа настап на овој натпревар.