Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки “броеа“ до 57 во дуелот со Овче Поле, Саздовска и Ристовска погодија по 15 пати
Вардарки “броеа“ до 57 во дуелот со Овче Поле, Саздовска и Ристовска погодија по 15 пати

Вардарки “броеа“ до 57 во дуелот со Овче Поле, Саздовска и Ристовска погодија по 15 пати

Девојките на Дибирова, ракометарките на Вардар по победата викендов во гости  над ФТЦ во ЕХФ Лигата на шампионите, им се вратија на домашните обврски во Женската Супер лига Лига. Тие беа домаќинки на екипата на Овче Поле, нашите девојки  со само 10 ракометарки во ростерот го прегазија  тимот на  Овче Поле СУ кој си замина со полна мрежа по овој дуел.

Нашите црвено-црни девојки победија со 39 гола предност на овој лигашки дуел,  на крајот победата беше изразена  со резултат 57:18 во наша корист. Бидејќи класично на вакви дуели играме со многу контри   крилата Јована Саздовска и Сара Ристовска кои го одиграа целиот меч постигнаа по дури 15 голови односно заедно вкупно 30 што беше  повеќе од половина на тимот.  Веднаш зад нив по ефикасност беше Тeoдора  Керамичиева која  беше стрелец на 14,  5 гола на овој дуел даде Кликовац. Кај поразениот тим на гостинот,  Овче Поле СУ Драгана Стојанова постигна 6 погодоци.