Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар – Пелистер в недела под рефлектори

Вардар – Пелистер в недела под рефлектори

Официјално променето е времето на почетокот на натпреварот на Вардар и Пелистер кој ќе се одигра в недела во Скопје. Наместо оној непопуларен термин од 13 часот, овој пат вечното дерби ќе се одигра под рефлектори од 18 часот в недела.

Ова е голема причина повеќе за сите симпатизери на Вардар и Комити, да дојдат на стадион и сите заедно да го прослават јубилејот на навивачите и на својот клуб. За овој натпревар се подготвува Дефиле кое ќе биде во петок.

На денот на натпреварот Комитите најавуваат богата програма и незаборавна фешта. Собирот на Комитите ќе биде в недела во 15 часот на Плоштад Македонија.