Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Џигаури и Барсегјан настапија за своите селекции
Џигаури и Барсегјан настапија за своите селекции

Џигаури и Барсегјан настапија за своите селекции

Двајца Вардарови фудбалери, во текот на вчерашниот  ден имаа настапи во своите репрезентации. Џамбул Џигаури и за Тигран Барсегјан кои што играа за селекцијата на Грузија, односно на Ерменија.

Џигаури беше стартер во грузиската репрезентација во дуелот со Белорусија и играше до 62. минута во натпреварот кога беше заменет. Мечот заврши  без победник 2:2.  Барсегјан кој почна како резервен играч,  влезе во игра за ерменската селекција во вториот дел, и го одигра целото второ полувреме против Кипар кој што неговата репрезентација го победи со 3:2, другиот наш играч во ерменскиот состав  Ховханес Хамбарџумјан не забележа настап  на овој натпревар.