Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФФМ со “чудни“ номинации! Титулата на Вардар како да нема тежина за ФФМ, номинација само за Спировски
ФФМ со “чудни“ номинации! Титулата на Вардар како да нема тежина за ФФМ, номинација само за Спировски

ФФМ со “чудни“ номинации! Титулата на Вардар како да нема тежина за ФФМ, номинација само за Спировски

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави кандидатите за признанијата за најдобри во македонскиот фудбал за сезоната 2016-17. Поточно, објавени се петте категории кои ќе бидат ставени на гласање од јавноста, а останатите ќе ги одредат специјални комисии од ФФМ. Меѓутоа од петте кои се достапни за јавноста уште во првата доаѓаме до спорен момент.

За најдобар фудалер номинирани се Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани од Шкендија и Стефан Спировски од Вардар. Чудно е како само еден играч од редовите на шампионот, кога, обично, титулите се појдовен критериум за доделување награди. Ибраими беше најдобар стрелец во минатата сезона, со 20 гола, но Хасани постигна 13, само два повеќе од Дејан Блажевски и Џонатан Балотели од Вардар, на пример или, пак, од Фелипе, кој имаше девет, но беше мозок во играта на вардарци.

Продолжи со читање на- sport1.mk