Вардарки со максимални 12 освоени бодови ја заврши првата групна фаза и го освои првото место на табелата во групата Ц. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, избраничките на Дибирова убедливо ја совладаа екипата на Турингер со резултат 29:21.
Натпреварот со гол го отвори Радичевиќ, а во првите осум минути се играше гол за гол и ниту една од екипите немаа поголема предност од еден гол. Така беше се до 8 минута, кога при водство на Турингер од 3:4, црвено-црните направија серија од 3:0 и за прв пат поведоа со два гола (6:4), од кои еден гол беше со цепелин акција на Радичевиќ како асистент и Цвијиќ како реализатор, додека Пенезиќ во 13 минута го зголеми водството. Вардарки се одлепија резултатски кога направија нова серија и од само еден гол предност (7:6) со ти последователни голови, зголемија на 10:6 со погодокот на Кузнецова во 20 минута. Сепак во последните десет минути од натпреварот, Турингер направи серија од 2:6 и на одмор се замина со нерешен резултат од 12:12, откако претходно во два наврати Јована Саздовска од крило на два пати ја погоди пречката од противничкиот гол.
На стартот на второто полувреме двете екипи постигнаа по еден гол, за во следните седум минути Вардар да направи голема серија од 7:1, од кои три гола беа дело на Јованка Радичевиќ, за највисоки 20:14 во 40 минута. Претходно голови постигнаа Кузнецова и Лакрабер. Шмелцер ја прекина лошата серија на Турингер и го намали резултатот. Нова мајсторија на Радичевиќ, која од седум метри со лоб удар ја совладува Краусе и со нејзиниот шестти гол беше најефикасна ракометарка во редовите на Вардар, во 44 минута од натшреварот. Со оглед дека Турингер допатува во Скопје со само девет ракометарки, се види дека во второто полувреме немаше сили да се надигрува со нашиот шампион. Тренерот на гостите, проба да игра во нападот 7 на 6, но тоа скапо го чинеше и Вардарки неколку пати го погодија празниот гол. Во 47 минута резултатот веќе беше убедлив 23:15 во корист на црвено-црните. Следиме серија на германките кои со три последователни голови го намалија резултатот на 23:18 на десет минути пред крајот. Сепак последниот период од мечот беше рутина за нашите девојки, кои на крајот славеа со убедлив резултат 29:21. Шанса на голот доби и младата Мицевска која запиша и една одбрана. Ова е истиот резултат од првиот натпревар одигран во Германија, каде исто така славеше Вардар.
Лакрабер беше најефикасна со 7 голови, додека 6 постигна Радичевиќ. Вардар во следната рунда пренесува максимални осум бодови и ќе започне од првото место на табелата, каде ќе игра со други три екипи од групата Д.