Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Петти последователен пораз за младинците на РК Вардар Јуниор, ниту седум голови предност не беа доволни за избраниците на Манасков да слават победа
Петти последователен пораз за младинците на РК Вардар Јуниор, ниту седум голови предност не беа доволни за избраниците на Манасков да слават победа

Петти последователен пораз за младинците на РК Вардар Јуниор, ниту седум голови предност не беа доволни за избраниците на Манасков да слават победа

Младинците на РК Вардар го претпреа својот петти пораз од исто толку одиграни натпревари, во рамките на групата 2 од младинската лига. Подобри од нас беа младинците на Пролет 62, кои славеа минимално со резултат од 26:25.

За избранциците на Пепи Манасков не беше доволна ниту позитивата од седум голови разлика, за да стигнат до првиот триумф оваа сезона. Слично како и во минатото коло, против екипата на Борец од Велес кога по првото полувреме имавме предност, очигледно дека во вторите 30 минути има пад во играта на нашите младинци, кои неможат во континуитет да одиграат 60 минути. Одлично го започнаа натпреварот со предност од 5:0, а дури во три наврати имаа и убедливо водство од седум голови разлика. Сепак до крајот на првото полувреме, домашниот тим на Пролет 62 успева да смали на достижни четири гола негатива, или резултат 12:16 со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме, домашната екипа постепено ја топеше нашата предност и не само што намали, туку со серија на погодоци направи и комплетен резултатски пресврт. Имаше домашниот тим и два гола предност, за Вардар да се врати на натпреварот и да го израмни резултатот. Сепак со удар од седум метри во последната минута, тимот на Пролет слави со конечни 26:25. Инаку ова беше и прва победа за екипата на Пролет, додека нашите младинци останаа “заковани“ на дното на табелата, без ниту еден освоен бод.

Вардар Јуниор: Јоаким Ангеловски, Небојша Василевски 2, Мартин Игнов 2, Благоја Антевски, Стојанче Симевски 1, Стефан Динев, Александар Нанов, Дамјан Јакимовски 6, Едис Јаховиќ 5, Алек Чупетрески 1, Никола Хаџидимовски 6, Христијан Чакалиќ, Горјан Блажевски, Кристијан Стојановски, Борис Илиевски 1, Петар Тевдовски.