Вчера во салата “Кале“ се одиграа нови дуели од Вардар Јуниор ракометната лига, се одиграа четири машки и три женски дуели од кои ви донесме извештаи. Во категоријата родени 2006 и 2007 година во женска конкуренција се одигра само еден дуел. Во истиот се сретнаа РК Кале и РК Делчево Вардар.
Во овој натпревар екипата на РК Кале Вардар која доаѓа од градот Кичево беше поуспешна од екипата на РК Делчево Вардар која доаѓа од истоимениот град од источна Македонија. Првиот дел беше далеку понеефикасне во него видовме два гола, неколку голмански интервенции, но и технички грешки во нападот кои се нормална појава во оваа генерација која игра првпат сезонава на голем терен и е во фаза на адаптирање. Први поведоа по неколку минути со 1-0 РК Кале Кичево, противникот успеа да изедначи во 14.минута од првиот дел. Со резултат 1-1 се замина на одмор.
Вториот дел беше далеку поефикасен од првиот, младите дами се адапираа на теренот и условите и прикажаа далеку подобра престава. Вториот 15.минути ( кај оваа категорија во Јуниор лигата се игра 2х15мин.) со гол ги отворија кичевчанки, кои потоа погодија повторно и поведоа со 3-1. Со иста мера вратија девојките од Делчево кои успеаа да изедначат на 3-3 и да внесат неизвесност за конечниот исход на овој натпревар. Сепак поприсебни во финишот беа ракометарките на РК Кале Вардар од Кичево тие со два гола поведоа со 5-3, резултат со кој заврши овој дуел. Кај победникот Стојановска Сара имаше постигнато три гола, кај поразените сите три гола беа дело на различни девојки.