Помладите пионери стигнаа до својата десетта победа во првенството и деветта последователна, со што се зацврстија на првото место на табелата. Избраниците на Сашо Тодоровски го добија дербито против Работнички (2:1), екипа која е еден од конкурентите на црвено-црните во борбата за титулата. Омерагиќ и Стојановски беа стрелци на головите за Вардар.
Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар, кај помладите пионери, кој му припадна на Вардар.