Вардарки со победа и максимални 12 освоени бодови ја завршија првата групна фаза. Тие на домашен терен во рамките на последното коло од групата Ц, убедливо го совладаа тимот на Турингер и на тој начин во следната главна рунда ќе започнат од првото место на табелата со 8 пренесени бодови.
И полсе завршување на последното коло од групната фаза, ЕХФ направи избор на петте најдобри голови, кои го одбележаа колото. Првото место во овој избор на атрактивни потези е за Драгана Цвијиќ. Акцијата почна од Лејно која фрли топка до Радичевиќ, која атрактивно со цепелин ја проигра Цвијиќ, која ја зададе конечната реализација.
Погледнете го видеото со најбрите 5 голови, во последното коло од првата групна фаза.