Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Четири генерации на ФК Вардар ги играат реванш натпреварите од 1/4 на националниот куп
Четири генерации на ФК Вардар ги играат реванш натпреварите од 1/4 на националниот куп

Четири генерации на ФК Вардар ги играат реванш натпреварите од 1/4 на националниот куп

Во среда и четврток ќе бидат одиграни реванш натпреварите од четврфиналето на купот, кај младинските фудбалски категории. Четири екипи на ФК Вардар имаат можност да се пласираат во полуфиналето на националниот куп, а постигнатите резултати од првите натпревари даваат надеж за такво нешто.

Во среда со почеток од 10 часот реванш натпреварот ќе го одигра генерацијата “2003“ на ФК Вардар, кои гостуваат во Тетово, на екипата на Шкендија. По првиот натпревар одигран во Скопје, Вардарци имаат предност од 3:1, откако славеа на теренот на Академијата.

Во четврток дури три генерации на Вардар ги играат реванш натпреварите во оваа елиминациска рунда. Помладите пионери имаат висока предност од првиот натпревар одигран на Академијата (4:0) и не би требало да имаме поголеми проблеми на реваншот во Куманово, против екипата на Еуроспорт. Мечот е закажан за во четврток од 12:00 часот.

На домашниот терен на Академијата, во четврток реванш натпревари од 1/4 на купот ќе одиграат пионерите и генерацијата родени “2004“ година. Пионерите се наоѓаат во серија на победи, која се очекува да ја продолжат и на реваншот против екипата на Македонија Ѓ.П. Голема предност од 2:0 имаат Вардаровите пионери од првиот одигран дуел на теренот во Ѓорче. Дуелот на овие две екипи е со почеток од 12:00 часот. Генерацијата “2004“ на ФК Вардар треба да ја потврди фаворитската улога во дуелот со Милано и да се пласира во најдобрите четири екипи на ова натпреварување. Двете екипи на реваншот во четврток од центарот ќе тргнат со резултат 1:1, кој е актуелен од првиот натпревар одигран во Куманово. Натпреварот на Академијата ќе започне до 10:00 часот.

Своите реванш натпревари, кадетите и младинците во дуелите со Шкендија ќе ги одиграат на 29-ти ноември.