Вардаровата генерација “2003“ ќе игра во полуфиналето на купот, откако денес одигра без голови 0:0, на реванш натпреварот во рамките на четврфиналето од купот на Македонија. Првиот меч одигран на теренот на Академијата им припадна на Вардарци, кои славеа со резултат 3:1.
Денес на реваншот кој се одигра во Тетово, натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар заврши со почетниот резултат 0:0. Двете екипи имаа шанси за постигнување на гол, но крајот резултатот остана 0:0. Оваа генерација на Вардар чии кормилар сезонава е Горан Петрески-Чунга ја брани двојната титула, освоена од минатата сезона.
ФК Вардар: Стојковски, Марковски, Јовановски, Сељанац, Ѓорѓоски, Давидовски (c), Хасани, Стојановски, Прелоговски, Мирков, Андрески.
Во игра влегоа уште и Георг Стојановски, Димче Мешковски и Марио Петрушевски.