Денес на терените ФФМ во Ново Лисиче ФК Вардар генерација 2007 одигра два натпревара и во двата дојде до победа. Момците на Томче Трајановски ги совладаа екипите на Скипи од Скопје и Гоблен од Куманово.
Во првиот дуел Вардар генерација 2007 (2) се сретна со тимот на ФК Гоблен во 11:00 часот. Во овој дуел дојдовме до победа со 4-1. Првиот дел го дојдовме до предност со 2-0, резултат со кој заминавме на одмор. За нас стрелаа Лебариќ Драган и Иван Стојановиќ. Прилики пропуштија Петар Котевски, Војо Стојановски и Лео Манчев во првиот период.
Во вториот дел екипата од Куманово успеа да намали на 2-1 во почетните моменти од вториот период. Сепак момците на Томче Трајановски се издигнаа и успеаа да ја вратат предноста. За нас повторно стрелаше Лебариќ Драган, а погодок впиша и Никола Јовановски. Со резултат 4-1 дојдовме до победа во овој дуел, кој беше напнат поради неспортското на однесување кумановскиот тим кој очигледно не е дораснат за ова натпреварување.
Во вториот дуел Вардар (1) генер. “2007“ го совлада ФК Скупи со високи 14-0. Уште по крајот на првиот дел најавија дека денес единствено во прашање е колкава ќе биде разликата. Ние триумфиравме со првиот период со 8-0. На крајот од дуелот победата беше изразена со двоцифрена разлика, црвено-црните триумфира со високи 14-0.
За нас стрелци беа: Крстевски Марко (3), Шаботиќ Емир (2), Борјан Томовски (2), Михаел Крстевски, Кузаревски Филип (2), Киш Марко (2), Петар Мицевски и голманот Даниел Мислајловски од пенал.