Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Војнисон “лесен плен“ за црвено-црната “ пеколна машина“ на Будимир, кадетите на Вардар со 6/6 во лигата
РК Војнисон “лесен плен“ за црвено-црната “ пеколна машина“ на Будимир, кадетите на Вардар со 6/6 во лигата

РК Војнисон “лесен плен“ за црвено-црната “ пеколна машина“ на Будимир, кадетите на Вардар со 6/6 во лигата

Денес во салата “Кале” во Скопје екипата на Вардар во дуел од кадетската лига ја пречека екипата на РК Војнисон Вардар од Кичево. Момците на Будимир кои се помали  од останатите екипи во кадетска конкуренција ( пионери по возраст) повторно доминираа и запишаа шестtа победа во исто толку дуели во кадетската лига. Тренерот на црвено-црните, Будимир Адријана реши да настапи со комбиниран состав денес што не беше никаков проблем да ги исполнат нејзинита задачи и да доминираат целосно на овој дуел. Вардарци триумфираа со 27 гола разлика, тие победија денес со 38-11 (18-5) на овој натпревар.

n6

На почетокот ние отворивме со гол за 1-0, а противникот во следниот напад изедначи на 1-1. По четири минути игра на семафорот имаше резултатска симетрија 2-2, тоа беше последен пат гостинот да има активен резултат на овој дуел. Веќе од 5.минута почна црвено-црното шоу, во одбрана заигравме пеколно, ги затворивме сите приоди кон нашиот гол, а нашиот голман беше одличен. Сето тоа го наградивме во напад со серија 7-0, па поведовме со 9-2 во 12.минута кога тренерот на гостите, Савевски Војне побара минута одмор.  Тоа не му помогна многу со нови шест гола во нивната мрежа, и нути еден во нашата поведовме со 13-2 во 19.минута. Будимир иако играше со комбиниран состав и даде шанса на играчите со помала минутажа, сепак црвено-црниот кадетски тим играше одлично. Следеше период во кој двата тима играа гол за гол па во последната минута влеговме со резултат 17-5 и напад за противникот. Тие не успеа да погодат, а Ташевски Кристијан на 14.секунди до крај стрелаше за 18-5 резултат со кој се замина на пауза.

n2 n4

Вториот дел беше налик на првиот по само 3.минути игра со серија 4-0 поведовме со 22-5 на овој кадетски дуел. Противникот намали на 22-6, тие овој гол го постигнаа во 5.минута по што следеше голема “суша“ за нивниот напад. Повеќе од 10.минути потоа ние недозволивме да примиме гол,  а во нападот бевме безмилосни. До средината на вториот дел водевме со веќе со „плус петнаесет“ односноо 31-6, гостинот дури по  46.минута го постигна вториот погодок во вториот дел. За 31-7 стрелаше Марио Крстевски, ние веднаш вративме од контра со погодокот на Пешевски Антонио.  Во следните две минути единствено противвникот успеа да парира и да игра гол за гол се до 33-9. До крајот повторно ние бевме тимот кој ја зголемуваше предноста и триумфиравме со високи 38-11 на крајот. Прв стрелец денес беше Ташевски Кристијан со 7 гола, Милевски Марио имаше 6 гола. Голманското дуо Чоргунов-Трифуновски кои бранеа по еден дел исто така беше одлично денес.

n3

Вардар: Јовевски, Мишевски 6, Чакалиќ 2, Павловски 1, Жерновски 2, Ташевски 7, Петков 3, Димитровски 2, Чорогунов, Србиновски 3, Грујовски 1, Трајчевски 2, Савревски 3, Мирчевски 3, Трифиновски, Пешевски 3. 

Тренер: Будимир Адриана