Актуелниот освојувач на СЕХА-лигата, екипата на РК Вардар и оваа сезона бележи добри игри и резултати во ова натпреварување. По осум одиграни кола, црвено-црните имаат исто толку победи и се наоѓаат на првото место на табелата. Секој месец, СЕХА прави избор на најдобриот тим, а за ноември во овој избор се најдоа тренерот Раул Гонзалес и Мијајло Марсениќ, како најдобар пикер. Во ноевмри Вардар одигра два натпревари на кои забележа победи, домашниот против Динамо Панчево и на гостински терен против екипата на Нексе. Веќе утре ја пречекуваме екипата на Војводина во ова натпреварување и тоа во С.Ц. Јане Сандански.
Вака изгледа најдобриот тим за месец ноември:
Голман – Алјаз Пањтар – ( Целје П.Л)
Лево крило – Нико Медвед ( Горење Велење)
Десно крило – Бруно Бутовац ( Татран Прешов)
Пикер – Мијајло Марсениќ ( Вардар)
Лев бек – Стипе Мандалиниќ ( ППД Загреб)
Среден бек – Саша Баришиќ ( Нексе)
Десен бек – Жрко Марковиќ ( ППД Загреб)
Тренер – Раул Гонзалес ( Вардар)
Видеото со најдобриот тим во СЕХА-лигата, за месец ноември: