Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сергеј Бојко главен судија на натпреварот, Вардар – Розенборг
Сергеј Бојко главен судија на натпреварот, Вардар – Розенборг

Сергеј Бојко главен судија на натпреварот, Вардар – Розенборг

Во четврток Вардар го игра последното коло од групната фаза во Лигата на Европа, кој воедно ќе биде и последен меч за нашиот фудбалски шампион во ова натпреварување за оваа натпреварувачка сезона. УЕФА го одреди главниот судија за овој натпревар, а тоа е  Сергеј Бојко од Украина. Негови помошници ќе бидат Владимир Володин и Олександар Корнико исто така од Украина, додека дополнителни асистенти се Евгениј Аргановски и Анатолиј Абдула.

Натпреварот започнува во 21:05 часот и ова е можност за Вардар да ги освои првите историски бодови во Лигата на Европа.