Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Гонзалес и Марсениќ во најдобриот тим на СЕХА-лигата, за месец ноември
(ВИДЕО) Гонзалес и Марсениќ во најдобриот тим на СЕХА-лигата, за месец ноември

(ВИДЕО) Гонзалес и Марсениќ во најдобриот тим на СЕХА-лигата, за месец ноември

Актуелниот освојувач на СЕХА-лигата, екипата на РК Вардар и оваа сезона бележи добри игри и резултати во ова натпреварување. По осум одиграни кола, црвено-црните имаат исто толку победи и се наоѓаат на првото место на табелата. Секој месец, СЕХА прави избор на најдобриот тим, а за ноември во овој избор се најдоа тренерот Раул Гонзалес и Мијајло Марсениќ, како најдобар пикер. Во ноевмри Вардар одигра два натпревари на кои забележа победи, домашниот против Динамо Панчево и на гостински терен против екипата на Нексе. Веќе утре ја пречекуваме екипата на Војводина во ова натпреварување и тоа во С.Ц. Јане Сандански.

Вака изгледа најдобриот тим за месец ноември:

Голман – Алјаз Пањтар – ( Целје П.Л)

Лево крило – Нико Медвед ( Горење Велење)

Десно крило – Бруно Бутовац ( Татран Прешов)

Пикер – Мијајло Марсениќ ( Вардар)

Лев бек – Стипе Мандалиниќ ( ППД Загреб)

Среден бек – Саша Баришиќ ( Нексе)

Десен бек – Жрко Марковиќ ( ППД Загреб)

Тренер – Раул Гонзалес ( Вардар)

Видеото со најдобриот тим во СЕХА-лигата, за месец ноември: