Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Првиот натпревар во новата година ЖРК Вардар ќе го одигра на 27-ми јануари пред домашната публика, познати сите термини во главната рунда на ЛШ
Првиот натпревар во новата година ЖРК Вардар ќе го одигра на 27-ми јануари пред домашната публика, познати сите термини во главната рунда на ЛШ

Првиот натпревар во новата година ЖРК Вардар ќе го одигра на 27-ми јануари пред домашната публика, познати сите термини во главната рунда на ЛШ

Во моментов актуелно е светското ракометно првенство кое се игра во Германија. Дел од ракометарките на Вардар се со своите репрезентации на мундијалот, каде веќе одиграа по две кола. Како што знаеме, Европскиот вицешампион првата групна фаза ја заврши убедливо на првото место со максимални 12 освоени бодови, совладувајќи ги на два пати екипите на ФТЦ, Ларвик и Трурингер. Во новоформираната група пренесовме максимални 10 бодови и на првото место ќе ја започнеме главната рунда. Таму ќе се натпреваруваме со екипите на Мец, Битигхајм и Будуќност. ЕХФ веќе го одреди и распоредот и термините на одигрување натпревари за Вардарки. Првиот натпревар во новата година ќе го одиграме во нашата арена, противник ќе ни биде екипата на Мец, а тој дуел е закажан за 27-ми јануари.

Распоред на натпревари во главната рунда:

1 коло- 27.01.2018

Вардар – Мец (17:30)

2 коло – 04.02.2018
Битигхајм - Вардар (17:00)

3 коло – 10.02.2018
Вардар – Будуќност (17:30)

4 коло – 25.02.2018
Мец – Вардар (15:00)

5 коло – 02.03.2018
Вардар – Битигхајм (19:00)

6 коло – 10.03.2018
Будуќност – Вардар (19:00)