Тимот на Вардар и овие зимски подготовки треба да ги помине во топлата Анталија – Турција. Уште едно зимо по ред, Вардарци формата за пролетниот дел од сезоната ќе ја фаќаат на одлични терени за игра, работа и пред одлични временски температури.
Иако сеуште не е официјално, Вардар во Анталија стандардно треба да замине некаде по средината на месец јануари, односно да остане се до средината на другиот месец.
Како и секој зимски подготовки, така и овие, Вардар ќе одигра неколку квалитетни тест дуели и ќе тестира неколку потенцијални имиња.