Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Кликовац дополнително повикана за својата селекција, на СП во Германија
Андреа Кликовац дополнително повикана за својата селекција, на СП во Германија

Андреа Кликовац дополнително повикана за својата селекција, на СП во Германија

Во претсојниов период ќе гледаме уште една ракометарка од Вардар, на светското првенство кое од 1-ви декември стартуваше во Германија. Се работи за Андреа Кликовац, која доби дополнителен повик од селекторот на Црна Гора, Пер Јохансон откако се повреди Ема Рамусовиќ која важи за играч во одбраната. Токму на Кликовац падна одлуката да биде замена за повредената ракометарка.

После две одиграни кола, Црна Гора има една победа и еден пораз. Најпрво на отварање на мундијалот ја победија Данска, додека во вториот меч беа поразени од селекцијата на Русија. Во текот на утрешниот ден ќе го одиграат третото коло, а противник ќе им биде Јапонија.

Сега вкупно шест раометарки ќе го претставуваат Вардар на ова СП. Кликовац се приклучува на нејзината соиграчка од репрезентацијата, Јованка Радичевиќ, а тука се уште и Лекиќ и Цвијиќ со Србија, како и Лејно и Лакрабер со Франција.