Во четврток Вардар го игра последното коло од групната фаза во Лигата на Европа, кој воедно ќе биде и последен меч за нашиот фудбалски шампион во ова натпреварување за оваа натпреварувачка сезона. УЕФА го одреди главниот судија за овој натпревар, а тоа е Сергеј Бојко од Украина. Негови помошници ќе бидат Владимир Володин и Олександар Корнико исто така од Украина, додека дополнителни асистенти се Евгениј Аргановски и Анатолиј Абдула.
Натпреварот започнува во 21:05 часот и ова е можност за Вардар да ги освои првите историски бодови во Лигата на Европа.