Вардар ја победи Војводина и стигна до својата деветта последователна победа во СЕХА-лигата со која се зацврсти на врвот на табелата. На денешниот меч на голот беше Даниел Ѓорѓески кој одлично го замени Арпад Штербик. Младиот Ѓорѓески го заврши натпреварот со 18 успешни интервенции, а една негова се најде во најдобрите на овој натпревар.
СЕХА ја прогласи одбраната на Ѓорѓески за најдобра на натпреварот со Војводина.