Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар стигна до деветтата последователна победа во СЕХА-лигата, со која остана “осамен“ на врвот на табелата
Вардар стигна до деветтата последователна победа во СЕХА-лигата, со која остана “осамен“ на врвот на табелата

Вардар стигна до деветтата последователна победа во СЕХА-лигата, со која остана “осамен“ на врвот на табелата

Вардар нема намера да застане со победите и вечерва во С.Ц. Јане Сандански стигна до својата деветта последователна победа во СЕХА-лигата. Рутински со половина од силите и со поголема минутажа на некои од играчите кои немаа можност многу за игра во ЛШ, избраниците на Гонзалес стигнаа до нов триумф со кој се зацврстија на првото место на табелата.

Екипата на Војводина беше таа која прва го отвори резултатот за водство од 0:1, што се покажа како единствено на овој дуел за гостинската екипа. Вардар благодарение на головите на Поповски и Недановски по 6 минути игра имаа предност од 4:1. Со нов гол, вкупно трети на Мартин Поповски, црвено-црните поведоа со 5:2, но противникот постигна два гола во серија и намали на 5:4. Денес на голот стартуваше Даниел Ѓорѓески кој го имаше најдоброто издание оваа сезона за клубот. Бранеше одлично и беше еден од најзаслужните за стекнатата предност на Вардар во првото полувреме. Следеше нова серија за избраниците на Гонзалес од 3:0 за во 12 минута да имаме највисоки четири голови предност од 12:8. Игравме со половина сили и го диктиравме темпото на игра, иако и Војводина даваше силен отпор, сепак нашиот шампион е пресилен за Војводина. Одржувавме предност од 3-4 голови се до 21 минута, кога при резултат од 13:10, Вардар постигна три последователни голови, од кои два беа на Недановски, за најголеми шест голови предност (26:20) на пет минути пред крајот на натпреварот. До истекот на 30-те минути, гостинската екипа се погрижи да има достојна негатива од четири голови, резултат од 17:13 со кој се замина на полувреме. Одличен прв дел за Ѓорѓески кој стигна до вкупно 12 успешни интервенции, додека Поповски и Недановски беа најдобри стрелци во овој дел од мечот, со по 4 постигнати голови.

Вардар по четири минути игра во второто полувреме ги врати шестте голови разлика, кога ги постигнаа првите два гола и зголемија на 19:13. Мораес Фереира е расположен за игра и по десет минути игра во вториот дел постигна веќе четири голови и се израмни со бројот на погодоци, со Поповски и Недановски. Ѓорѓески продолжува во исто темпо да брани и додаде уште три зад неговото име, од кои беа два од ударите од седум метри. При резултат 25:18 направивме серија од 4:0 и во 48 минута имавме убедлива предност од 29:18. Се разбуди и Вуко Борозан кој набрзина постигна четири голови и му донесе убедливи 33:20 на својот тим, додека Ѓорѓески е феноменален и веќе има 17 одбрани.  На крајот конечниот резултат гласеше

Најефикасен кај Вардар беше Мартин Поповски кој постигна 10 голови. Во составот за денешниот натпревар не беа Карачиќ и Абутовиќ, додека во игра воопшто не влегоа Чупиќ, Шишкарев, Штербик и Стоилов. По ова коло имаме 27 бодови, на второто место е Мешков Брест со 18 и меч помалку, додека трет е ППД Загреб со 16 освоени бодови.