Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тошевски опција за Вардар
Тошевски опција за Вардар

Тошевски опција за Вардар

Кристијан Тошевски е веќе слободен играч. Десниот бек си замина од редовите на Пелистер и е во потрага по нов клуб.

Негова следна дестинација во кариерата би можела да биде во тимот на Вардар. Младиот бек во својата кариера покрај за тимот на Пелистер каде има забалежано 51 настап, има настапувано и во Тетекс каде има забележно 39 настапи и постигнато еден гол. Инаку Тошевски има и четири настапи за А селекцијата на Македонија, еден против Шпанија.

Во овој момент на десната бековска позиција Вардар ги има Хамбарџумјан, младиот Тодоровски и повредениот Брдаровски кој може да игра и на левата бековска позиција.