Во текот на вчерашниот ден се одигра третото коло на светското ракометно првенство во Германија. Настапи имаа и ракометарките кои доаѓаат од екипата на Вардар.
Србија за која настапуваат Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ успеа да освои голем бод во дуелот со домашната селекција на Германија и да остане непоразена и после три одиграни кола на мундијалот. Германија имаше добар почеток на натпреварот кога по девет минути игра имаа предност од 5:1. Сепак Србија не мислеше пред време да се предаде, па до крајот на првото полувреме заигра многу поцврсто во одбраната, каде прими само четири голови, споредено со пет во првите девет минути говореше за нивниот голем пресврт во играта. За само четири поминути после тајм-аут на нивниот селектор успеваат да се вратат во игра и да намалат на 4:6. Во 18 минута го имавме и првото израмнување на натпреварот (7:7), за Србија во следниот напад да стигне и до прво водство, но Германија на три минути пред крајот го израмни резултатот на 9:9. Сепак финишот и припадна на Србија, која ги постигна последните два гола во првото полувреме и успева да замине со позитива од 11:9 на одмор.
На стартот на второто полувреме, Германија ја стопи предноста на противникот и одново го израмни резултатаот на 11:11. Избраничките на Обрадовиќ во следните десет минути беа подобрата репрезентација на теренот, каде успеваат да стигнат и до предност од највисоки три голови разлика, но упорноста и борбеноста на домашната селекција им донесе резултат 17:17 во 49 минута од мечот. Германија беше поблиску до победата, кога при водство од 22:21, имаше и напад, но дозволија да ја загубат топката. Останаа уште 15 секунди за игра, а Вардарката Драгана Цвијиќ беше играчот на одлука, која доби топка на својата позиција и успева со силен удар без да гледа кон голот да ја совлада голманката на Германија, што значеше и конечен резултат од 22:22. Цвијиќ го заврши натпреварот со 2 голови, додека Лекиќ немаше минутажа на овој дуел. По три одиграни кола, Србија има две победи и еден нерешен резултат.
Најпријатното изненадување на СП го направи селекцијата на Јапонија која во драматичен финиш беше подобра од Црна Гора. Првото полувреме не навестуваше ваков конечен исход, кога избраничките на Јохансон во два наврати имаа предност од четири голови разлика. До крајот на првиот дел го задржаа водството и на одмор се замина со резултат 15:12. И во првите десет минути од вториот дел, Црна Гора беше во постојана предност, кога имаше и предност од 20:18, кога Јапонија направи серија од 0:3 и поведе со резултат 20:21.
Од тие моменти следи пад во играта на Црна Гора, а Јапонија успеа да поведе и со три гола, што се покажа како пресудно за победата. Имаше можност и за израмнување во последната минута, но не успеаа во тоа, па Јапонија славеше голема победа со резултат 28:29. Ова беше втор пораз на СП за Црна Гора, откако загуби и од Русија, а беше подобра во првото коло од Данска. Радичевиќ беше најефикасна во поразот, постигнувајќи 7 голови.
По стартниот пораз од Словенија, репрезентацијата на Франција стигна до втората победа на СП, овој пат совладан беше Парагвај и тоа убедливо со резултат од 35:13. Првото полувреме беше резултатски неизвесно, кога триколорите имаа предност од само четири голови (14:10), но отпорот на противникот беше “скршен“ во вторите 30 минути, кога Парагвај постигна само 3 голови, додека Франција дури 21, што беше клучно за висооката победа. Лакрабер постигна само еден гол и тоа на самиот старт на натпреварот.