Фудбалскиот клуб Вардар пред натпреварот со Розенборг во рамките од 6-тото коло во Лигата на Европа, ја информира публиката за неколку работи:
Дојдете порано на стадион за да ја избегнете непотребната гужва. Вратите на Националната Арена „Филип Втори“ ќе бидат отворени од 18:30 часот.
До стадионот со возила ќе можат да стигнат само имателите на соодветни акредитации. Доколку немате акредитација или пропусница за возило, не се обидувајте да дојдете со автомобил до „Арената“. Паркирајте го подалеку од стадионот, и пешки упатете се кон стадионот.
Не носете тврди предмети со Вас како запалки, дезодоранси, затоа што од безбедносни причини истите ќе ви бидат одземени на влезот на трибината.
Уште еднаш информираме дека седењето на скали на трибината е строго забрането. Секој кој што ќе биде забележан, ќе биде опоменат од обезбедувањето, дури и отстранет од трибината.
Навреме набавете билет. Билетарницата на стадионот „Филип Втори“ за денот на натпреварот ќе работи од 10 до 17 часот, и после овој термин ќе можете да набавите влезница исклучиво на продажните места наведени на следниот ЛИНК.
Да го бодриме нашиот тим во последниот натпревар од групната фаза од Лигата на Европа, и да му помогнеме на Вардар да стигне до толку посакуваните бодови. Бидете и Вие дел од уште еден незаборавен натпревар во оваа европска сезона на „црвено-црните“. Се гледаме утре на Националната Арена „Филип Втори“, со надеж дека на крајот сите заедно ќе славиме.
Уште еднаш апелираме за фер и коректно навивање од трибините. Посакуваме добра атмосфера на овој натпревар и да му дадеме спортска поддршка на Вардар во обидот во оваа година да запише уште еден дел од својата историја.