Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки лесно минаа низ Куманово, Керамичиева повторно прв стрелец
Вардарки лесно минаа низ Куманово, Керамичиева  повторно прв стрелец

Вардарки лесно минаа низ Куманово, Керамичиева повторно прв стрелец

Избраничките на Дибирова иако  играа без повеќе првотимки Вардар немаа проблеми на гостувањето во Куманово во дуел од суперлигашката конкуренција. Тие од ова гостување се враќа со триумф од 42-15. Првпат сезонава за Вардар настапија и Леонида Гичевска и Милица Николиќ кои постигнаа вкупно 8 голови. Тие добија привремена прекоманда од вториот тим и до крајот на полусезоната ќе играат за Вардар. Ова беше 11-та победа од исто толку дуели по кои имаме максимални 33.бода во женската Супер лига.

Дуелот почна со погодок и водство на домаќинот од 1-0, тоа беше прво воедно и последно водство на противникот на целиот натпревар. Ние веднаш со три последователни гола го преземамве водството на дуелот.  Некаде на средината на првиот дел имавме комотна предност од плус шест, 5-11. Потоа од минута во минута ја зголемувавме предноста по на одмор заминавме со предност од 10-19 со што веќе се наговестуваше победникот на овој дуел.

Вториот дел почна со три гола во мрежата на домаќинките, со што уште повеќе се продлабочи “јазот“ помеѓу нас ние поведовме со високи 12 гола, 10-22. Од минута во минута во вториот дел повторно го зголемувавме водството, противникот во второто полувреме беше далеку послаб од првиот дел. Во вторите 30.минути тие постигнаа двојно помалку голови во нашата мрежа т.е. само пет. На крајот триумфиравме со 27 гола предност. Победата ја остваривме со резултат 15-42. Кај  нас прв стрелец беше Теа Керамичиева со 8 гола, Татјана Хмирова имаше 6 погодоци колку и Гичевска Леонида.

ВАРДАР: Саздовска 4, Кузнецова 1, Лазовиќ 3, Мицевска, Керамичиева 8, Чанаџија 5, Суслина, Хмирова 6, Николиќ 2, Гичевска 6, Петровиќ 1, Ристовска 6.