Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ѓорѓески: Нашата одбрана беше на своето ниво – Остојиќ: Вардар е шампион на Европа и во Скопје дојдовме да одиграме колку можеме
Ѓорѓески: Нашата одбрана беше на своето ниво – Остојиќ: Вардар е шампион на Европа и во Скопје дојдовме да одиграме колку можеме

Ѓорѓески: Нашата одбрана беше на своето ниво – Остојиќ: Вардар е шампион на Европа и во Скопје дојдовме да одиграме колку можеме

И со комбиниран состав, црвено-црните се покажаа како пресилни за екипата на Војводина, која ја совладаа убедливо (37:22) во рамките на 9 коло од СЕХА-лигата. Во текот на сите 60 минути на голот на Вардар,  беше младиот Даниел Ѓорѓески кој целосно на оправда укажаната доверба од тренерот, Раул Гонзалес. Тој мечот го заврши со 18 успешни интервенции и има значителен придонес во овој висок триумф. По натпреварот, Ѓорѓески го изјави следново:

-Одигравме одличен натпревар, на кој нашата одбрана беше на своето ниво како и на секој претходен дуел. До крајот на годината ни остануваат уште два натпревари за одигрување во СЕХА-лигата, на кој очекувам победи со што шампионски би ја прославиле оваа 2017 година.

Играчот на Војдодина, Радован Остојиќ истакна дека дале максимум, но не доволен да се изненади шампионот на Европа и Балканот.

-Вардар е шампион на Европа и во Скопје дојдовме да одиграме колку можеме. Немавме 5-6 стандардни играчи, сепак дадовме максимум кој не беше доволен за позитивен реезултат.