Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најголем дел од ракометарите на Вардар се најдоа на пошироците списоци, на селекторите во репрезентациите каде настапуваат
Најголем дел од ракометарите на Вардар се најдоа на пошироците списоци, на селекторите во репрезентациите каде настапуваат

Најголем дел од ракометарите на Вардар се најдоа на пошироците списоци, на селекторите во репрезентациите каде настапуваат

Селекторите на ракометните репрезентации, учесници на Европското првенство кое во периодот од 12-28 јануаир ќе се одигра во Хрватска ги објавија пошироките списоци од 28 ракометари кои ќе влезат во потесниоот избор за настап на СП.

Тренерот на Вардар и селектор на Македонија, Раул Гонзалес го објави својот список на кој се најдоа Стојанче Стоилов и Мартин Поповски. Во составот на Хрватска која е предводена од Лино Червар, се најдоа средните бекови на Вардар, се работи за Игор Карачиќ и Лука Циндриќ, како и десното крило, Иван Чупиќ. Вуко Борозан се очекува да биде предводник на Црна Гора на СП, додека добрата форма на Арпад Штербик на голот на Европскиот шампион беше доволен поттик за селекторот на “фуријата, Рибера да го повика можеби моментално најдобриот голман во светот. Покрај Штербик, тука се и Жоан Кањелас и Хорхе Македа, кои ќе конкурираат за 18-те ракометари кои треба да настапат на СП.

Се очекува во поширокиот список на репрезентацијата на Србија да се најдат Мијајло Марсениќ како и Илија Абутовиќ, кој е столб во одбраната на Вардар.  Тука е и Русија, чиј селектор е Кокшаров, кој најверојатно на неговиот список ќе бидат Тимур Дибиров и Данил Шишкарев.