Тимот на Розенборг доаѓа ослабен во Скопје, капитенот на екипата Мике Јенсен нема да му биде на располаѓање на својот тренер за утрешниот дуел.
Причината за недоаѓањето во Скопје е семејна, капитенот на норвешкиот првак очекува принова во следните денови па затоа остана дома со својата фамилија. Покрај капитенот, уште еден значаен играч нема да игра во Скопје, се работи за Исланѓанецот Вилхјамсон.
Јенсен оваа сезона во шампионатот на Норвешка одигра 29 натпревари од 30, додека пак Вилхјамсон запиша 18 со постигнати 7 погодоци.