Вардар ги освои првите бодови во Лигата на Европа 1:1 (1:1). Шампионот на Македонија вечерва заслужи да се радува на победа во дуелот со Розенборг, створи голем број на шанси, но за жал голем дел од нив не ги искористи па така на крајот и двата тима поделија по еден бод. Со овој нерешен резултат Вардар испиша историја, први бодови во една групна фаза.
Тимот на Вардар првиот дел го одигра одлично, иако створи многу шанси за гол, иако доминираше на теренот, за жал на полувреме се замина со резултат 1:1. Првата шанса на вечерашниот дуел Вардар ја претвори во гол, Николов асистираше кон Итало кој очи во очи успеа да го совлада Хансен за водство во 9. минута. Во продолжението од мечот шансите за Вардар, се редеа пред голот на противникот, се закани во 21. минута Барсегјан, но неговиот удар заврши за малку над голот на Хансен. Во 23. минута Итало имаше голема шанса да даде и втор гол, неговиот удар со глава крајно среќно успеа со нога да го одбрани Хансен и да спречи 2:0. Нова шанса имаше Вардар во 24. минута, овој пат Новак со глава биеше само во стативата на противникот. Кога се чинеше дека Вардар конечно на полувреме ќе замине со предност, една грешка скапо го чинеше нашиот тим, Гачевски стартуваше над Адегбенро и направи пенал. Бентднер беше успешен реализатор на пеналот за 1:1, со овој резултат се замина на пауза.
Вториот дел исто така започна со иницијатива на нашиот тим, во 51. минута Фелипе се закани со удар од слободен, неговиот обид заврши за малку над голот на Хансен. Иницијативата на Вардар продолжи и до средината на вториот дел, иако нашиот тим ја држеше топката во свој посед, не створи посериозна шанса за нов гол. Во 72. минута Барсегјан се најде во шанса, но наместо да додава се обиде да одглуми пенал, за жал тоа не му успеа и доби само жолт картон. Одново нова голема шанса, Новак во 74. минута со глава биеше одлично но со чудесна одбрана Хансен спаси гол за Вардар. Во 80. минута кај Вардар во игра влезе Марковиќ на местото на Николов. Во 84. минута кај Вардар во игра влезе и Џигаури на местото на Блажевски. Уште една шанса пропадна за Вардар, во 89. минута Демири од 20-сетина метри биеше само над голот на гостите. Со резултат 1:1 (1:1) заврши овој дуел, штета за Вардар кој заслужи да победи вечерва.