Денес на теренот на Академијата се одигра пријателски натпревар помеѓу генерациите родени “2003“ година на ФК Вардар и Пирин од Бугарија, кои се гости на фудбалскиот клуб Вардар. Црвено-црните избраници на “Чунга Лунга“ славеа минимално со резултат од 1:0, со погодокот на Лео Андрески.
Треенрот Петрески старуваше со Стојковски, Сељанац, Ѓорѓоски, Трпезановски, Маркоски, Стојановски, Давидовски, Хасани, Јовановски, Андрески и Прелоговски.
Во првото полувреме не видовме ниту една посериозна шанса да се загрози еден од двата гола. Се играше по средината на теренот, цврсто и борбено и двете екипи не дозволија поголеми возбудувња пред нивните голови. Вардар имаше само еден директен удар кон голот на Пирин, кога од прекин на нафрлена топка со глава биеше Андрески. Противникот од Бугарија имаше три удари, од кои еден посериозен кој го одбрани нашиот голман Лука Стојковски, еден удар исто така заврши во неговите раце, додека третиот отиде над неговиот гол. Ова се моментите кои ги одбележија првите 40 минути на овој пријателски натпревар.
Измени на стартот на второто полувреме во редовите на Вардар. Играта ја напуштија Стојановски и Јовановски, на нивно место во игра се Георг Стојановски и Марио Петрушевски. Токму нововлезените Петрушевски и Стојановски ги имаа првите удари, но резултатот остана оној почетниот. Во игра влезе и Никола Павлески, кој настапува за генерацијата родени “2004“ година, на местото на Маркоски. Вардар успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со одличниот гол од околу 25 метри на Лео Андрески кој биеше, голманот на Пирин имаше слаба реакција и топката заврши во мрежата за отварање на резултатот.
На теренот нов играч е Димче Мешковски, кој влезе на местото на Прелоговски. Црвено-црните беа поактивни во вториот дел и имаа обид преку Мешковски кој од прекин, со глава бие покрај противничкиот гол. Одличен удар и за Георг Стојановски, кој внесе свежина во играта на Вардар. Пирин имаше можност, кога од изведен корнер, еден од нивните играчи со глава бие покрај голот на Стјковски. До крајот на мечот се обиде и Андрески, но ударот оди покрај голот. На крајот триумф за Вардар на овој контролен натпревар, минимално со резултат од 1:0. Во игра до крајот на натпреварот влегоа и Јовчев, Тасески, Јаневски и Петкоски.
Истиве екипи во текот на утрешниот ден на теренот на Академијата ќе одиграат уште еден контролен дуел, кој ќе започне од 09:00 часот.