Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи за три Вардарови генерации, на пријателски натпревари против Академија Пандев
Победи за три Вардарови генерации, на пријателски натпревари против Академија Пандев

Победи за три Вардарови генерации, на пријателски натпревари против Академија Пандев

Во текот на вчерашниот ден на теренот на Академијата гостин на фудбалскиот клуб Вардар беше Академија Пандев од Струмица. Тие допатуваа во Скопје со три возрасни генерации, родени “2008“ , “2009“ и “2010“ година, кои одиграа пријателски натпревари со екипите на Вардар. На сите три натпревари подобри беа генерациите на Вардар, кои славеа убедливи победи.

ФК Вардар од генерација “2008“ ги совлада врсниците од Академија Пандев, со резултат од 3:0. Тројца различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој натпревар. Тоа се Матеј Киш. Арти Азизи и Коста Бошковски.

Победи и тоа уште поубедливи забележаа и генерациите на Вардар, родени “2009“ и “2010“ година кои ги совлдаа врсниците од Академија Пандев. Генерацијата “2009“ на Златко Таневски славеше триумф со резултат 10:3, додека најмладата генерација “2010“ на Зоран Петковски победи со резултат 11:4.

Сите генерации на Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната во детската лига, па сега им преотстануваат тренинзи и одигрување на уште некои контролни натпревари, пред распуштањето на заслужен одмор.