Денес во Метковиќ-Хрватска продолжија натпреварите на силниот меѓународен турнир за кадетките на Вардар. Кадетките и пионерките утре ќе се борат за големото финале на меѓународниот турнир во Хрватска.
Во рамките на третото коло од групата, за противник ја имавме екипата на Далматинка, која е две години повозрасна од нашата генерација. Подобра беше екипата од Хрватска, која славеше со резултат од 14:17. Тие пдообро го отворија натпреварот кога поведоа со 0:3, а истава предност од три гола ја имаа и уште во неколку наврати во следните минути од натпреварот. При резултат од 4:7, противничката екипа постигнува три последователни голови и го зголемува резултатот на 4:10. Екипат на Вардар не се предаде и храбро се бореше, тоа резултираше во следниот период во три наврати да имаме негатива од само два гола ( 9:11, 10:12 и 11:13). Можеби решавачкиот чекор за тримфот, екипата на Далматинка го направи кога поведе одново со четири гола разлика (11:15), по што немаше многу време за резултатски пресврт. Најефикасна кај Вардар на овој меч беше крилото Мирјана Петковска која постигна 5 голови.
РК Вардар: Гроздановска 2, Арсова, Дамјановска, Гонзалес, Ѓорѓиевска 1, Донева, Петковска 5, Софтовска 1, Наскоска, Џатевска, Костовиќ 1, Миновска 2, Седлоска, Коларовска 1, Јаковчевска, Галевска 1.
Затоа на вториот натпревар кадетките на Вардар, кои на турнирот се предводени од Папуџиева и Кастратовиќ, стигнаа до убедлива победа од 11:20. Уште на стартот на мечот покажавме силна желба да го победиме противникот, кога добро отворивме со водство од 0:3, за екипата на Сплит да постигне прв гол, со што Вардар врати со два последователни голови и поведе со 1:5. Игравме цврсто во одбраната, што ни овозможи да постигнуваме голови и во контра-напади, по што стигнавме до уште поубедливо водство од 2:9. Се што успеа да стори екипата од Хрватска е да намали на 8:14. Вардарки рутински го приведоа крајот на овој натпревар и заслужено славеа со резултат 11:20.
На тој начин ги завршивме натпреварите од групата со две победи и два порази и завршивме на второто место на табелата, веднаш зад екипата на Далматинка која имаше четири победи. Според правилата на турнирот, со оглед дека имаше само една група, во полуфиналето се пласираат првите четири пласирани екипи. На тој начин нашите кадетки утре во полуфиналето играат со екипата на Метковиќ, која заврши како третопласирана во групата, додека другата двојка ја сочинуваат, Далматинка-Катарина.Вардар својот натпревар го игра со почеток од 12:10 часот. Победниците од двата натпревари ќе играат во големото финале на турнирот. Само да напоменеме дека во групата го победивме тимот на Метковиќ со резултат 11:18.
Пионерките ја завршија групната фаза, со два нерешени резултати, една победа и еден пораз ( види извештај од нивните натпревари во текот на денешниот ден) и тие се пласираа во полуфиналето, каде исто така ќе играат со домаќинот на турнирот. Натпреварот се игра утре наутро со почеток од 09:45 часот.