Денес кадетите на РК Вардар во рамки на 7.коло од кадетската лига гостуваа кај РК Бутел, на овој дуел дојдоа со рутинирана игра до нова победа. Момците на Адријана Будимир беа подобри од домаќинот со резултат 32-24 (14-9).
Ретка е појавата дама да води машки тим во ракометот, а уште поретка е да има идеални и перфектни резултати. Момците на “Челичната Лејди“-Будимир под нејзина команда имаат перфектна есен. Тие настапија во две категории, пионерска и кадетска (каде беа помали од конкурентите бидејќи се реално пионери). И во двете завршија како “Есенски шампиони“ со максимален ефект. Во двете категории одиграа по седум меча и триумфираа на сите 14 дуели. Покрај тоа што немама ниеден пораз или реми, тие никогаш не победија ниту минимално , секогаш “газееа“ безмислосно и силно. Единствена непознаница секогаш беше колкава ќе биде разликата на крајот. Нивниот тренер постојано бараше и успеа од нив да создаде тим со најдобра одбрана во лигите, сето тоа дополнето и со фактот дека имаме најдобар напад создаде еден компактен колектив. Постојаната работа низ изминатите сезони на Будимир со момците даде плодиви, таа успеа да направи пеколен тим. Редакцијата на вардарфанс.мк им ја честита на момците и тренерот “есенската круна“ во двете категории и искажува пофалба за одличната хемија во тимот, и одличната поврзаност на релација тренер-играчи која е очигледна во оваа генерација.
Нашите момци првиот дел го отворија со серија 0-3 со која поведоа на самиот почеток против домаќинот. Потоа двата тима постигнаа по два гола во противничките мрежи, ние и понатака водевме со “плус три“, 2-5. Некаде на средината на првиот дел имавме комотна разлика, го диктиравме темпото и водевме со пет позитива, 3-8. До крајот на првиот дел двата тима постигнаа по исти број голови, ние не бркавме на овој дуел разлика како вообичајно туку експериментиравме со некој комбинации и акции како подготовка за екстра силниот турнир кој следи за нас во Брчко. На одмор отидовме со пет гола предност, на семафорот во салата стоеше 9-14 во наша корист.
Вториот дел со гол го отворија домаќините кои успеаа по првиот напад да намалат на 10-14, и со тоа да ја вратат надежта дека може да дојдат до поволен резултат. Сепак тоа не го дозволи нашиот тренер, таа побара и доби цврста игра во одбраната што резултираше со серија во наша корист. Со сериа 1-5 се одлепивме на “плус осум“, 11-19, покажувајќи дека разликата помеѓу нашите и кадетите на РК Бутел е неколку класи. Со мирна игра се до пред крајот на овој натпревар ние успеававме да ја одржиме оваа висока предност со осум погодоци, во финишот влеговме со резултат 22-30. Последните минути беа чиста формалчност, ние триумфиравме со 24-32 на крајот.
Кај нас први стрелеци беа В.Грујоски, Д.Димитриевски и Н.Жерновски со пет гола, по четири имаа Б.Чакалиќ и Д.Савревски, С.Калајџиски постигна три погодоци, по два гола впишаа: Б.Димчевски, М.Мишевски и Г.Трајчевски.
Нема одмор за оваа генерација, утре Будимир повторно со момците ќе одржи тренинг. Тимот се подготвува за најдобриот турнир во Брчко, па така овој меч денес беше прилика да се испробаат серија комбинации во нападот и одбраната. Момците заминиваат за Брчко во четврток.