Ракометниот машки клуб Вардар во оваа календарска година му останува да “одработи“ уште еден дуел во регионалната СЕХА Газпром лига. Веќе задутре ние играме дуел од 11.коло во Словенија кај екипата на РК Горење Велење. Ова е натпревар по кој ќе се “спушти завесата“ во најуспешната година за Вардар од основањето далечната 1961 до денес.
*Дуелот од СЕХА лигата во Словенија се игра задутре, среда, 13-ти декември, истиот е закажан со почеток во 20 часот и 45 минути.
Ние досега во регионалното натпреварување екаде ја браниме освоената титула имаме есенва перфектни десет победи од исто толку одиграни дуели и максимални 30 бода на нашето конто. Словенците имаат два меча помалку и 19 бода заостанување зад нас, тие досега “собраа“ само 11 бода во регионалната лига. На дуелот од првиот круг одигран во Скопје во Спортскиот центар “Јане Санднаски“ во септември избраниците на Раул Гонзалес дојда до убедлива победа над ривалот со високи “13 плус“ односно со резултат 32-19 (12-11).