Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, не смета на интернационалецот од Гана, Мустафа Куајнор и нема намера да го врати во Вардар од позајмица.
Поради лошата финансиска состојба во битолскиот прволигаш, можно е Куајнор пролета да ја дочека во некој нов прволигаш. Дека не се работи за квалитетен фудбалер, покажува и податокот дека овој играч за Пелистер настапи само на два натпревари, поточно одигра само 67 минути во ПМФЛ.
Инаку, Мустафа Куајнор летоска потпиша договор на две години со шампионот на Македонија.