Денес ќе биде одиграна градската пресметка на Вардар и Работнички и со тоа ќе се затвори есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ. Вардар мора да победи и на овој натпревар за да ја намали бодовната разлика зад Шкендија и да се одржи во борба за титулата.
Работнички оваа сезона игра “топло – ладнo”, дека се работи за квалитетен тим му покажа на Вардар на “домашен” терен, каде го победи неочекувано високо со резултат 3:0. Вардар на овој дуел треба посебно внимание да обрне на двоецот интернационалци на Работнички, на крилниот играч Сержињо и на одличниот и корпулентен напаѓач Чинеду.
Натпреварот започнува во 13.00 часот со директен ТВ пренос на Нова.