РК Преспа славеше во единствениот машки дуел, кај генерацијата родени 2002/03 година во текот на денешниот ден. Во натпревар од “Јуниор“ лигата, РК Преспа го победи тимот на РК Балтепе, со резултат од 12:27.
Преспа ја оправда фаворитската улога и очекувано убедливо го совлада тимот на Балтепе од Тетово. Уште од самиот старт поведоа со 0:3 и навестија дека ќе слават на овој меч. Во следните десет минути, тимот од Ресен одржуваше предност од четири голови разлика, а при резултат о 4:8 до крајот на првото полувреме, избраниците на Ангеловски направија серија од 1:4 и на одмор се замина со резултат од 5:12.
Продолжи серијата и во вториот дел кога Преспа побегна и на двоцифрена предност од 5:16. Екипата од Ресен немаше проблеми да го одржува водството, а се што успеа да стори Балтепе е да намали на девет гола негатива (11:20). По овој резултат следеше серија на Преспа од 0:5 за веќе да има убедливи 11:26. До крајот на мечот двете екипи постигнаа по еден гол, за на крајот да слави со резултат од 12:27.
Кај победничкиот тим, Михајло Костовски постигна 11 голови, додека кај Балтепе, Небојша Кочоски даде 3 голови.