Тимот на Вардар утре ќе го одигра последниот натпревар во 2017 година. Пред овој дуел, играчот на Вардар, Дарко Велковски за клубскиот сајт изјави:
“Последен натпревар за нас оваа година која што беше успешна, и на тој начин сакаме да ја завршиме. Утре ни претстои реваншот од Купот против Шкупи во меч во кој што сигурно ќе атакуваме на победа и на пласман во следната фаза од Купот. Нашите амбиции се и освојување на Купот сезонава и поради тоа ќе дадеме максимум да оствариме резултат за следната фаза. Знаеме дека мораме да дадеме гол после оние 1:1 од првиот меч и мислам дека можеме да дојдеме до тој погодок. Што порано дадеме гол, тоа подобро за нас. Во секој случај ќе одиме на триумф како и на секој натпревар. Добро е што овој меч ќе се игра на подобар терен од оној на Чаир, затоа што таму игравме во првенството и навистина немаше услови за играње на натпревар”, вели Велковски.