Корпулентниот “џин“ и член на Европскиот ракометен шампион, Даинис Кристопанс е избран за најдобар ракометар во својата родна земја, Летонија. Ова е четврто вакво последователно признание за Кристопанс, кој истава награда ја добиваше и во 2014,2015 и 2016 година.
Кристопанс се смета за голем ракометен талент и е највисокиот ракометар кој настапува во лигата на шампионите. Тој ја игра првата сезона во црвено-црниот дрес и во Лигата на Шампионите засега има постигнато 33 голови. Кристопанс се повеќе се вклопува во играта на Европскиот шампион и во системот кој го практикува Гонзалес и се очекуваат уште подобир игри од негова страна во новата година.