Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Горазд Гигов: Да се биде прв голман на шампионската генер. “2004“ на ФК Вардар е голем предизвик и одговорност
Горазд Гигов: Да се биде прв голман на шампионската генер. “2004“ на ФК Вардар е голем предизвик и одговорност

Горазд Гигов: Да се биде прв голман на шампионската генер. “2004“ на ФК Вардар е голем предизвик и одговорност

Во следново наше интервју ве запознаваме со моментално првиот голман на Вардаровата генерација родени “2004“ година, која стана есенски шампион во регионалната-скопска лига и тоа убедливо заврши на првото место со максимален број на освоени бодови во оваа лига. Се работи за Горазд Гигов кој скоро пет години е дел од фудбалскиот клуб Вардар, а оваа сезона доби шанса да биде прв чувар на мрежата, откако претходно двајцата голмани на оваа генерација, Стефан Тасев и Васко Василев се решија да продолжат во академијата на ФФМ. Секако очекувано, Горазд се најде во изборот за голман и есенскиот дел со успех го чуваше голот на Вардар. Во следново интервју ве запознаваме со овој млад и надежен голман, во кој има секако талент и квалитет.

1. Зошто од сите спортови го избравте фудбалот и како се случи да се занимавате со овој спорт ?

-Мојата роденденска желба беше да почнам да тренирам фудбал. Кога моите родители ме однесоа на тренинг, едноставно застанав помеѓу стативите и останав таму до ден денеска.

vardarfans-pocetoci

2. На колку години започнавте да браните, во кој клуб беа вашите први почетоци и под водство на кои тренери?

-Започнав да тренирам на својата 8 годишна возраст во фудбалскиот клуб ФК Вардар и мојот прв тренер беше Илија Стефановски, а првите мои голмански тренинзи ги започнав една година подоцна под водство на тренерот Мане Манев и голманската легенда Драган Мутибариќ.

3. Колку години сте во Вардар под тренажен процес на Слободан Мутибариќ, иако бевте дел од клубот во детскат лига настапувавте за фудбалската школа-Форца.

vardarfans-gigov

-После една година од голманските тренинзи почнав да тренирам со тренерот Слободан Мутибариќ еве веќе 4 години, со кого ги направив и првите посериозни чекори во голманскиот свет. Тој безрезервно и со голема верба во нас голманите го пренесува неговото знаење. А моето настапување за ФК Форца беше поинакво искуство бидејќи, бранев за генерација 2004/2003.

4. Со оглед дека двајцата голмани на Вардаровата генерација “2004“ преминаа во Академијата на ФФМ, вие добивте шанса да бидете прв голман на Вардар. Кој ви ја соопшти веста и какво е чуството да се биде на голот на најголемиот клуб во Македонија ?

25627352_2185493551476608_1399773952_n

-Веста за враќањето во ФК Вардар ми ја соопшти тренерот Мутибариќ, а позицијата прв голман во генерацијата претставуваше за мене голем предизвик и одговорност.

5. Дали има разлика во настапите од детската и регионалната – скопска лига?

-Како што веќе кажав додека бранев за ФК Форца генерација 2003 веќе имав едно годишно искуство во Регионалната Лига пред да се вратам во ФК Вардар, така да знаев што ме очекува на 7 метарскиот гол за разлика од Детската Лига каде се брани на 5 метарски голови.

636-660x330-660x330

6. Како ја оценувате изминатата полусезона со вашата генерација, со која станавте есенски шампиони, со максимален број  на освоени бодови.

-Мојата генерација во која што бранам работи пожртвувано и неуморно, како и добрата комуникација помеѓу сите нас даде одлични резултати. Се разбира благодарение на големиот труд и работа на нашиот тренер Игор Кралевски, кој секогаш се труди да го извлече најдоброто од нас.

2013

7. Што треба да поседува еден голман за да стане квалитетен и успешен ?

-Иако сум на почетокот на мојата голманска кариера сметам дека упорноста, пожртвуваноста, големата дисциплина и напорната работа на тренинзи се она што треба да постанеш добар голман.

8. Дали Горазд има идол и сака еден ден стане како него ?

-Секој млад спортист има свој идол, а за мене тоа е Џианлуиџи Буффон.

9. Што може да се очекува од вашата екипа во пролетниот дел, дали сметаш дека можете да стигнете до двојната титула во вашата генерација.

-Секако ние ќе продолжиме да работиме како и до сега, а се друго од освојување на двојната круна мислам дека би било разочарување за нашата генерација

Звонко Ивановски