Вчера, недела финишираше турнирот во организација на ракометната школа Илинден-Вардар, која е дел од Академијата на Вардар и постојан учесник во “Јуниор“ лигата. Екипата на Аеродром успеа да го освои првото место на турнирот “Илинден 2017“ во возрасната генерација родени 2006/07 година. Тие во големото финале ја совладаа екипата на РК Бисинов Вардар, со резултат од 9-5 (5-3).
