Стариот должник од минатата сезона екипата на Брегалница од Штип гостуваше во Скопје после болниот пораз на домашен терен од Вардар со гол во 90 минута.
Натпреварот започна тивко,без многу шанси.Вардар напаѓаше,а Брегалница добро се бранеше во текот на 30 минути од првиот дел.Во 34 минута по една убава акција на Вардар свој слалом имаше ерменскиот фудбалер Артак Дашјан,кој по серија од неколку дриблинзи со силен шут од 20-тина метри го матираше гостинскиот голман за 1:0.Со овој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел се играше без амбиции,на двете страни,Вардар го чуваше водството,со неколку напади кој завршија без успешно,а гостите од Штип како да беа задоволни со само еден примен гол,и решија да се бранат повторно,со многу малку фудбалери на половината на Вардар.
Па така по цели 45 минути неквалитетна игра во вториот дел главниот судија означи крај.
Натпреварот заврши со 1:0,задоволни беа вардарци со новите три бода,а гостите си заминаа со кренати глави.