Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Победа за навивачите,Вардар славеше во Тетово против Шкендија
Победа за навивачите,Вардар славеше во Тетово против Шкендија

Победа за навивачите,Вардар славеше во Тетово против Шкендија

Дербито на колото во ПМФЛ овој викенд беше во Тетово,се судрија можеби најголемите претенденти за титулата оваа година Шкендија и Вардар.Натпреварот се играше пред полни трибини,но тоа беше поголем мотив за докажување.

Натпреварот започна како и секогаш со предпазливост на двете страни,во главно со игра на средината на терeнoт.По само шест минути игра Филип Петковски доби одлична топка во празно каде еден на еден го матираше Јовановски за 0:1 огромна радост на вардаровите играчи и молк на градскиот стадион во Тетово.
По само петнаесет минути игра,по еден корнер на Асани,топката доаѓа до Грнчаров кој без многу мака,со убав удар со глава го матира повторно домашниот голман за огромна радост и 0:2 за Вардар.
По оваа рано водство од два разлика,Шкендија делуваше како недораснат противник за Вардар,гостите несакаа многу да форсираат и свесно препуштија игра на домакините.Шкендија напашаѓаше но безуспешно кон голот на Павловиќ.Со овој резултат заврши првиот дел.

Во вториот дел стратегот на Шкендија направи неколку измени,натпреварот по 60 минути остана непроменет со иницијатива на домакините.Во последните дваесет минути Кознику го уфрли Имери,кој по само неколку минути на теренот успеа да постигне гол за 1:2 и ублажување на водството.
Во завршните десетина минути Шкендија напаѓаше,Вардар се бранеше со сите сили,и на крај успеја да се одбрани и да однесе значајни три бода во борба за титулата.
Честитки до момците,за одличната игра,и слатката победа во Тетово!

Фото:фквардар.мк

Leave a Reply